еМагазин
Image default
Македонија

Апелација го врати предметот за дедото на Тамара од почеток

Апелацискиот суд Скопје го врати предметот за случајот со дедото на малата Тамара на почеток.

Љупчо Стојановски на 12 јули годинава беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Новото рочиште, според информациите од Кривичниот суд, е закажано за 5 декември.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Природно-математичкиот факултет: Најавените реформи ќе бидат штетни за образовниот процес

Редакција

Продолжи штрајкот на регионалните и локалните медиуми со петминутен прекин на програмата секој час и неследење настани

Редакција

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција