еМагазин
Свет

Јапонија со закон забранува физичко казнување на деца

Јапонскиот Парламент усвои закон, со кој им се забранува на родителите и другите старатели да применуваат физичко казнување врз децата.

Според усвоените амандмани, кои стапуваат во сила на 1 април следната година, се воведува целосна забрана за физичко казнување на малолетници, но во документот не се предвидени парични казни за прекршителите.

Локалните власти ќе бидат задолжени да ги едуцираат родителите за негативностите од употреба на насилни методи при воспитувањето. Социјалните работници, согласно новиот закон, ќе имаат пошироки права да „интервенираат“ во случаи на семејно насилство врз децата.

Минатата година, јапонската полиција им пријавила на социјалните служби повеќе од 80.000 случаи на физичко или психичко насилство врз малолетни лица. Ова е рекорден број за целиот период откако се водат такви статистички податоци.

MIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Кај нехоспитализираните ризикот е помал од долгорочни последици од Ковид-19

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Израел досега уби над 23 илјади Палестинци

Редакција

Управата за храна и лекови на САД препорачува трета доза за лицата над 65 години и тие со висок ризик за тешки болести

Редакција