еМагазин
Image default
Македонија

Арбер Исаку избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Обвинителот Арбер Исаку ќе биде заменик претседател на Советот на јавни обвинители во следните две години. Одлука за избор на заменик претседател на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија е донесена вчера со мнозинство гласови.

Исаку ќе дојде на место на досегашниот заменик претседател Меџит Јусуфи.

Врз основа на одредбите на Законот за советот на јавни обвинители, мандатот на претседателот и заменик претседател на СЈО на РСМ е две години без право на реизбор. Воедно, Исаку оваа функција ја извршуваше и во период 2016-2018 година.

Исаку од 01.06.2004 година бил судски преведувач во Основен Суд Тетово. Од 18.06.2009 година до 22.12.2009 година советник во Владата на Република Македонија.

Од 23.12.2009 година советник во Собранието на Република Македонија. На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.09.2016 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземен имунитетот на судијата од Управниот суд, одбиено барањето за притвор

Редакција

За „бомбата“ се огласи Миодраг Дака Давидовиќ: На Кичеец му дадов 300.000 евра за консалтинг, ништо од ветеното не исполни

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 499 казни за неносење маска

Редакција