еМагазин
Image default
Бизнис

Арсовска песимист за прогнозите на Народна банка: Изборите главна „кочница“

Се што беше планирано за 2020 година ќе биде во фаза на застој поради предвремените парламентарни избори, оцени денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска.

„Вчера Народната банка го проектира растот на 3,5 проценти, нешто што не знаеме колку е остварливо до крајот на годината, земајќи  предвид дека веќе е отпочната кампањата на политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Со најавата на изборите компаниите почнаа резервирано да гледаат на проектите кои ги имаа планирано за следната година, а и се што беше планирано за првите шест месеци од 2020 година ќе биде во фаза на застој поради фактот што ќе бидеме во очекување за формирање нова влада“, изјави Арсовска.

Таа нагласи дека не очекува да се постигне раст од 3,5 проценти и покрај оптимистичките прогнози на НБ за раст на БДП на земјава од 3,8 проценти во 2020 година.

„Сите проекти, а особено оние кои беа подолгорочни веќе се во застој. Треба да почекаме, но не верувам дека ќе има нешто позначајно до третиот квартал на 2020 година“, рече Арсовска.

За последното зголемување на минималната плата рече дека не е добро.

„Се што е вештачки наментнато не е добро. Фирмите да биле доволно ликвидни и да имале доволно големи профити во моментот кога се соочуваме со недостиг на квалификувана работна сила самите ќе поделеа повисоки плати на вработените од моменталната минимална плата“, рече Арсовска.

МИА/Фото: ССК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој има повеќе претплатници во мобилната телефонија, Телеком или А1?

Редакција

„Каргомакс“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на три цистерни вреден 287.000 евра

Редакција

Пораст на прометот на Македонската берза во октомври

Редакција