еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

„АТС Грoуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со вирусот Ковид 19.

Тестовите за Ковид 19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението. Заштитните маски се транспортираат од Народна Република Кина и во најскор рок ќе пристигнат во земјава.

„Борбата против ширењето на вирусот Ковид 19 може да ја добиеме само ако делуваме обединето. Ситуацијата е деликатна за сите нас, но искрено сметам дека секој може да помогне на некаков начин. Ние во „АТС Гроуп“  одлучивме во рамките на можностите да и помогнеме на нашата држава. Ќе продолжиме и понатаму да се трудиме да бидеме вистински партнер”, истакна Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Грoуп“.

Покрај донацијата, Демировски истакна дека во „АТС Грoуп“ и во време на глобална криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, компанијата работи со полн капацитет. Во компанијата работат 100 лица, а во тек е и конкурс за вработување на уште 50 ново вработени кои ќе бидат ангажирани во најскор рок.

Минатата година „АТС Гроуп“ инвестираше над три милиони евра во новата современа фабрика за производство на композитни производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот

УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џаро денеска на Саемот на книгата со својата биографија „Живот на коцка“

Редакција

Повик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Редакција

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Редакција