Аутомакедонија АД Скопје во периодот 01.01.2020 – 31.12.2020 година оствари позитивен финансиски резултат во износ 4.021.674 денари нето добивка, информира компанијата преку Македонската берза.
“Во оваа предизвикувачка и тешка година на пандемија, Аутомакедонија оствари само 4% намалување на оперативни приходи во однос на истиот период претходната година, со намалување на приходите од продажба за 4%.
Оперативните расходи во 2020 година се аналогно намалени за 4% како директен резултат на напоредно намалување на набавната вредност на продадени производи за 6%, аналогно на намалување на приходите од продажба, а од друга страна зголемување на останатите трошоци преку вредносно усогласување на побарувања и отпис на тековни средства.
Нето добивката е намалена за 21% или во апсолутен износ намалување од 1.070.013 денари“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Игор Илиевски именуван за нов генерален директор на „Аутомакедонија“, разрешен Зоран Дочински