еМагазин
Image default
Македонија

АВМУ ќе покрие 50% од надоместот на регионалните и локалните телевизии 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на денешната седница донесе заклучок со кој регионалните и локалните ТВ станици за 2022 година се ослободени од 50 проценти од надоместот за медиумско работење.

Советот, исто така, едногласно донесе заклучок кој ќе биде доставен до Владата за да обезбеди покривање на трошоците за пренос на регионалните телевизии кои емитуваат програма преку DVB T, како и покривање на трошоците за сите телевизии кои емитуваат преку операторот на јавната електронска комуникација.

Воедно, на денешната седница на Советот на АВМУ донесе и заклучок за започнување со јавна дебата во врска со барањето за формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини и истражувачки приказни од регионална и локална тематика заради развој на програмска понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството. 

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петмина македонски туристи се вратиле од одмор во Грција со Ковид-19

Редакција

Случајот со Груевски топ тема во Грција: „Избега кај Орбан за да не оди во затвор“

Редакција

Заев: Не поседувам ниту сум видел докази за инволвираност на Вељаноски во „Монструм“

Редакција