Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Меѓу рекордерите по неплатени давачки на листата се и повеќе јавни претпријатија меѓу кои и Македонија пат со долг од 316 милиони денари, Македонска радио телевизија со долг од 69 милиони денари, Јавното претпријатие за стопансисување со објекти од спортот со долг од 49 милиони денари и многу други.
Интересно е што, власта донесе закон со кој секое јавно претпријатие во државна сопственост ќе добие заменик-деиректор што ќе значи дополнително оптоварување на овие претпријатија кои очигледно се на работ на пропаст.
Со тоа власта покажува дека и е побитно да ги задоволи партиските апетити за вработувања на нови функционери наместо финансиска консолидација на овие претпријатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Листа должници на УЈП: Познати бизнисмени, фудбалски клубови и општини должат милиони неплатен данок
Листа на должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 161 милион евра неплатени даноци и придонеси