еМагазин
Image default
Свет

Австралија до 15 мај ги прекинува патничките летови од Индија, и други земји го ограничија влезот на патници од таа држава

Австралија до 15 мај ќе ги прекине сите директни патнички летови од Индија поради големиот број на лица заразени со коронавирусот во земјата, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Индија веќе шест дена има повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирусот дневно.

Според бројот на потврдени случаи на Ковид-19, Индија е на второто место во светот, по САД.

Во изминатите 24 часа, во Индија се потврдени 323.144 нови случаи на Ковид-19, нешто помалку отколку на југот, но пренатрупаните болници се уште не можат да примат нови пациенти поради недостаток на болнички кревети и медицински кислород.

Во тој период потврдени се 2.771 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, но експертите тврдат дека реалниот број на смртни случаи е значително поголем.

Бројни земји, вклучувајќи ги Тајланд, Сингапур, Бангладеш и Велика Британија, презедоа чекори за ограничување на влезот на патници од Индија, со што се спречи ширењето на нови варијанти на вирусот.

Началникот на Генералштабот на индиската армија, генерал Бипин Рават, најави дека армијата ќе обезбеди дополнителни количини на медицински кислород од своите резерви, а пензионираните воени медицински работници ќе се приклучат на здравствените установи кои се борат со епидемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во светот од Kовид-19 починаа најмалку 840 новинари, најголем број од крајот на Втората светска војна

Редакција

СЗО: Коронавирусот ќе биде ставен под контрола за две години

Редакција

ОХЦХР: Во Украина досега загинаа повеќе од 3.700 цивили

Редакција