еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Австрија не ги признава руската и кинеската вакцина во ковид-пасошот за влез во таа држава

Министерство за здравство на Австрија нема да ги признае руската „Спутник“ и кинеската „Синофарм“ во ковид-пасошот, кој ќе биде потребен за влез во таа држава.

Австрија ги признава само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), односно „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Џонсон&Џонсон“.

Исто така, австриските државјани кои биле вакцинирани во странство со овие вакцини ќе мора да бидат тестирани пред да ги користат „слободите“ што ќе се појават со олеснување на мерките од 19 мај, соопшти Министерството.

„Зелениот пасош“, Австрија го воведува и како „билет“ за угостителски објекти, базени и хотели.

Исто така, Министерството не советува лица вакцинирани со руски или кинески вакцини да бидат повторно вакцинирани во Австрија со друга вакцина.

Фото: Photo by Lukas on Unsplash

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Koja e „Орбита ИНВ„, новиот сопственик на Топланата “Скопје Север“

Редакција

Московската берза не е отворена цела недела, ќе остане затворена до 8. март

Редакција

Има уште 2.400 предмети за експропријација на имоти на автопатот Гостивар-Букојчани

Редакција