еМагазин
Image default
Бизнис

Азески: Економските резултати од Преспанскиот договор изостанаа, поради ковид-пандемијата

Општа е оценката дека Преспанскиот договор донесе подобра атмосфера во соработката, но економските резултати изостанаа зашто влеговме во период на пандемија. Сега се надеваме дека тоа ќе се надмине, оцени денеска претседателот на Стопанската комора Македонија, Бранко Азески.

Азески најави засилување на соработката со Грција преку интензивирање на проектните активности.

-Имаме рок во Преспанскиот договор во кој треба да се завршат работите и во однос на трговските марки и географските ознаки, но рокот уште не е истечен и работиме на тоа.

Мислам дека ќе биде заштитен интересот на Македонија, иако јас и тогаш и сега тврдам дека грчката страна е многу појака и поискусна во тоа и треба да се побара меѓународна поддршка. Владата работи на тоа, ние сме во контакт со МНР.

Мислам дека сето тоа ќе придонесе да не се најдеме во незавидна ситуација како порано, истакна Азески, одговорајќи на новинарско прашање што доби бизнисот, а што изгуби со потпишувањето на Договорот.

Азески ифнормира дека денеска имале средба во Ресен претставници на Комората со градоначалниците и бизнисмените од регионалните комори во Северна Грција.

-Се интензивираат активностите на проекти, ќе го засилиме темпото на работа со Грција, нагласи Азески.

МИА/Фото: Стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои компании ќе плаќат данок на солидарност

Редакција

Девизните резерви во јануари 3,77 милијарди евра

Редакција

Сметките за парно може да се плаќаат и онлајн

Редакција