Новизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во кратко обраќање денеска од Вилмингтон, Делавер го повика Доналд Трамп, претседател во заминување, да отстапи.
Шефот на државата пак одговори веднаш со видео на Твитер испратено до протестантите кои денеска по негов говор во центарот на Вашингтон, упаднаа во зградата на Конгресот.
Бајден во обраќањето го повика Трамп веднаш да излезе на националната телевизија и да им порача на демонстрантите да заминат од Капитол хил.
-Отстапи. Искажи се, истакна Бајден.
Трамп, веднаш, потоа со видео на Твитер ги повика демонстрантите да се повлечат.
-Ја знам вашата болка, знам дека сте повредени, знаеме дека изборите беа украдени… но треба да си одите дома сега, треба да има мир. Мора да имам поредок и да ги почитуваме луѓето од поредокот. Не сакам никој да биде повреден, порача тој.
Додаде дека САД поминуваат тешко време „со тоа што ни го одзедоа, од сите нас“.
Ова беа фалсификувани избори, но не можеме да се справиме со овие луѓе. Знам како се чуствувате, како другите беа третирани, но одете дома во мир, кажа Трамп.
Активирана Националната гарда по упадот во зградата на Конгресот
Министерството за одбрана ја активираше целата Национална гарда во Вашингтон, откако приврзаници на Трамп го пробија полицискиот кордон и упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол.
Џонатан Хофман, главниот портпарол на Пентагон, потврди дека Националната гарда е мобилизирана.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси издадоа заедничко соопштение во кое го повикуваат Трамп да побара од демонстрантите веднаш да се повлечат.
Советник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека некои соработници на Трамп се бесни што претседателот не сака да стори повеќе за да ги запре демонстрантите на Капитол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВО ЖИВО) Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, во Вашингтон воведен полициски час
МИА