Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи. Ова го изјави американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по самитот меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
Американскиот претседател Џозеф Бајден на прес-конференција нагласи дека му рекол на рускиот лидер Владимир Путин дека човековите права секогаш ќе бидат тема.
Бајден потврди дека за време на разговорите со Путин, особено инсистирал на важноста на човековите права. Претседателот на САД го покренал и прашањето за ослободување на двајца поранешни американски маринци, Пол Вилан и Тревор Рид, кои моментално се наоѓаат во руски затвор.
– Му реков и на Путин дека нашата политика не е против Русија или некој друг, туку за американскиот народ, рече Бајден.
Бајден изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин детално разговарале за следните чекори што треба да ги преземат двете земји за мерки за контрола на оружјето за да се намали ризикот од војна.
Говорејќи на прес-конференција, Бајден рече дека дипломатите и воените експерти од двете земји ќе се состанат како дел од, како што рече, дијалогот за стратешка стабилност за да се постават темелите за идните мерки за контрола на оружјето и намалувањето на ризиците.
Тој не кажа кога ќе започнат разговорите.
Идејата е да се изработи начин да се подготват преговори за договор за контрола на оружје што ќе го наследи договорот Нов СТАРТ што истекува во 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги чуваат 3,5 илјади полицајци: Прв самит Бајден-Путин во Женева
МИА/Фото: Фејсбук/Бајден