Температурата во некои градови во Црна Гора наредните денови ќе биде повисока од 44 степени Целзиусови, објавено е на веб-страницата на црногорскиот Институт за хидрометеорологија и сеизмологија.
Најтопло ќе биде во Даниловград каде максималната температура за утре се прогнозира на 44,4 степени. И наредните денови, в сабота, недела и понеделник, тој град го очекуваат „пеколни“ горештини, бидејќи се очекува температурата да достигне 43,8 степени.
Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија соопшти дека максималната температура во Подгорица утре ќе биде 40,2 степени, додека од понеделник температурата ќе биде над 44 степени.
За петок и сабота прогнозата е максималната температура во главниот град да достигне до 42,9 Целзиусови степени.
За Македонија, прогнозите за временската состојба се дека на некои места, живата на термометарот ќе се искачи над 40.
МИА/Фото: Unsplash