еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Балканска работа: „Тепачка“ за која земја бил наменет најголем дел од банана-кокаинот

Босанскиот медиум „Независне новине“ објави дека најголем дел од кокаинот вреден 50 милиони евра, кој во меѓународна акција беше запленет  од италијанската полиција требало да заврши на пазарот во Босна и Херцеговина.

Медиумот пишува дека Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ привела две лица, како и дека во оваа голема меѓународна акција приведени се поголем број на луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

„Со оваа акција пресечен е голем синџир на организиран шверц на дрога за кој најпрво дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела оваа голема пратка на кокаин.

Имено, дознаваме, дека во едно пристаниште во Италија полицијата запленила неколку контејнери полни со кокаин кој требал да биде пратен во Бар во Црна Гора, a потоа во Македонија и БиХ“, пишува медиумот.

Во текстот се додава дека полициски извори потврдиле дека од контејнерите биле извадени 970 пакети тешки 1.128 килограми, а лажна пратка со еден килограм дрога била запечатена заедно со систем за следење за да се утврди за каде е наменета така голем количина кокаин.

„Во пристаништето Бар по оваа пратка стигнале шест камиони, од кои четири биле од Македонија. Наместо кокаин во овие камиони имало само еден килограм оставен намерно од италијанската полиција. Два празни камиони без кокаин продолжиле во БиХ, следени од полицијата“, се вели во текстот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Крушопек

„Арно викаа дрога ставаат во бананите„: Твитер реакции за заплениот кокаин во Крушопек

(Видео+фото) Приведени 4 лица, запленет 1 килограм кокаин во Крушопек, детали од МВР

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Фото: Независне новине

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

Редакција

Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21. април во Diamond Mall

Редакција

При зачленувањето во ЕУ, ќе треба да се направат голем број на законски измени и уставни измени, вели Ковачевски

Редакција