еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Банките бараат продолжување на рокот за исплата на финансиската помош на граѓаните од 6.000 денари

Со цел успешно реализирање на еднократна финансиска помош од 6.000 денари како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, банките максимално ги ставија на располагање своите ресурси и во согласност со Законот за финансиска поддршка во краткиот законски рок, до крајот на работното време на 25 декември вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

„Во овој краток период успешно беа исплатени над 90 отсто од корисниците на финансиската помош. Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека нашите членки – банките, како и досега, подготвени се со сите свои ресурси да излезат во пресрет на проектите од јавен интерес, а посебно на оние кои се наменети за социјално ранливи категории граѓани.

Притоа, секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи. Во таа смисла, после истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови,“ се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Поднесени 78.000 приговори за помошта од 6.000 денари, одговори на мејл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Редакција

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат еднократна помош од 6.000 денари?

Редакција

И парното ќе поскапи, за колку ќе се знае утре

Редакција