Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил го коментираше гласањето на македонските пратеници, болни од Ковид-19, кои во Собрание дојдоа во скафандери.
“Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.
Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.
Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша тој синоќа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание
(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина
Фото: Фејсбук/Беќаровски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.