еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички

Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, напиша доцна синоќа Борел на Твитер.

-Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата.

Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарнсот на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа, додаде Борел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на мали сипаници: Најмногу има во Аеродром

Редакција

Најголем број од вакцинираните граѓани се со „Синофарм“, 147.998 со прва и 103.707 со втора доза

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 33 службеници

Редакција