еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, цената на еуросупер БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 61,50, а на еуродизел 52 денара.

Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.

Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист ќе дели дивиденда

Редакција

Без разлика на капацитетот во кафана или кафуле само со потврда за вакцина или прележан Ковид-19 во последните 45 дена

Редакција

(Видео+фото) Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“

Редакција