еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензинот „Еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а „Еуросупер БС-98“ за три денари, а нема промени на цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Литар „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини „Еуросупер БС-98“. Цената на дизелот останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари.

За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.

РКЕ информира дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,215 проценти, кај дизелот за 1,205 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 1,350 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 4,990 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,546 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 496 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022

Редакција

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција