Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2 денара по литар, а на Еуродизел (Д-Е V) за 1,50 денари.
За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 85,50 денари, на Еуросупер БС 98 е 88, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 98 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 94,50 денари.
За 0,277 денари се намалува цената и на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.