еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 5,56 проценти.

Mалопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за три денари за литар. Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64 денари, а на „еуросупер БС-98“ 66 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло се намалуваат за 2,5 денари, па така дизелот ќе се продава за 56 денари, а екстра-лесното масло за 45 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка: Детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, клиентите да не споделуваат лични податоци

Редакција

Веќе потрошени 120 милиони евра од планираниот годишен дефицит од 260 милиони евра

Редакција

Вработените во сектор игри на среќа сакаат да бидат дел од изнаоѓање на решение за законот

Редакција