еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 77 денари, литар „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 79 денари. За литар дизел ќе се плаќа по 68 денари, како и 67,5 денари за екстра-лесното масло.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти, кај дизелот има намалување за 0,461 проценти, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Редакција

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица, 10 илјади тони домашна не е откупена

Редакција