Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57 отсто.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 60,5, а еурсупер БС-98 ќе се продава за 62,5 денари за литар.
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,501 денари.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот, како и за 0,323 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.