Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.
Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72,5 денари, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 74,5. Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 61 денар за литар.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.