еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за три денари по литар

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Регулаторната комисија информира дека денешната промена на одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието.

„Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото.

Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во 21 век: Половина од вкупниот број фирми немаат веб-страница

Редакција

Лимак рангиран меѓу 50-те компании од светската градежна елита

Редакција

Бислимоски: Граѓаните што имаат редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

Редакција