еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за половина, дизелот за 1,5 денар за литар

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од ноќеска на полноќ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти.

Бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ поскапуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денар за литар.

Па така, од полноќ „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ за 91,5 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 90 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,128 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 51,686 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува трендот на пад на приходите на МРТ

Редакција

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција

Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас

Редакција