еМагазин
Image default
Бизнис

Бензинот „еуросупер БС-95“ и дизелот поскапуваат за половина денар

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,92 отсто.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на еуродизел се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 58,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ не се менува, и останува 69 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна со производство соларната електрана на ГЕНИ, најголема во Македонија: Струја за 5.500 домаќинства

Редакција

Летувањето во Грција годинава поскапо за 30, во Хрватска за 40%

Редакција

АСОМ: Владата итно да ја продолжи уредбата за он-лајн спортско обложување – државата ризикува да изгуби стотици милиони денари во буџетот

Редакција