еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатни повици и СМС-пораки кон Турција и Сирија преку мрежата на Македонски телеком

Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС-пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија, информираат од таму.

-Бесплатни се и повиците и СМС-пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 (00:00 часот) до 20 февруари 2023 (24:00 часот).

На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив.

Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место, се наведува во соопштението.

Телекомот потсетува и дека граѓаните може да се солидаризираат со населението погодено од земјотресот со донација од 100 денари на бројот 143 400, кој е отворен во соработка со Црвениот крст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собрани еден милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија

Редакција

Бројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве два месеци

Редакција

(Фото) AVON испишува ново поглавје во својата историја и го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

Редакција