Пратеничката на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска не гласаше за Законот за јавно обвинителство.
Нејзината пратеничка група која е составена од исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и една пратеничка од Социјалистичката партија даде отворена подршка на Законот.
Канческа е единствената од оваа група која не гласаше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Процедурата при гласањето на Законот за ЈО беше кристално чиста
Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство
На почетокот на денешната седница на која беше изгласан Законот, претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираше дека таа го информирала дека не е во можност да присутвува.
Законот како што е познато меѓудругото ја одредува и судбината на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Поранешната министерка за култура, Канческа е обвинета во предметот „Тендери“ на СЈО.
Обвинетите во „Тендери“ се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања односно дека ја фаворизирале фирмата ГТД Бетод Штип – АД Штип да добие тендер за изведување на завршни градежни работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО
Фото: Фејсбук/Канческа