За телевизијата Телма, од Јавното обвинителство велат дека никој од нив не побарал согласност за транспортот со авион што бугарските власти му го организираа на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ од Охрид, Христијан Пендиков, за да се лекува на ВМА во Софија, иако за кафеанската тепачка во која тој се здоби со тешки повреди се води активна истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?
-Во однос на транспортот на наведеното лице, од Јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија.
Оштетениот до два пати даде свој исказ во постапката и е достапен на органите на прогонот. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице, велат од Обвинителството за Телма.
За Пендиков исто така не бил одреден притвор, ниту друга мерка за обезбедување за дрогата, што кај него лани ја пронајде полицијата, затоа што била мала количина, а по пријавата се постапува, по што ќе биде донесена одлука, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Османи не му било важно што ќе покаже истрагата за Пендиков
Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК
Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?