еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Безживотното тело на прилепчанката Николоска по која се трагаше е пронајдено во водите на прилепското вештачко езеро

Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна кога излегла од својот дом околу 23 часот на 16 декември.

Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката.

-Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута.

Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од Јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.

Прилепчанката, 50-годишната Весна Николоска откако излегла од домот не се вратила. Во градот и во околината со околу 400 доброволци континуирано се вршеше целодневна потрага. За денеска како можност беше оставено пребарувањето во водите на прилепското вештачко езеро.

Не се знае што се случило со прилепчанката, тоа дополнително ќе се утврдува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепчани во потрага по нивната исчезната сограѓанка Весна Николоска на која и се губи трагот од 16 декември

МИА/Фото: Општина Прилеп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Редакција

Народната банка вработува шест лица, плата до 42.364 денари

Редакција

Вози Мерцедес бенц и има два високи кредити: Каков имот пријавил министерот за здравство Меџити

Редакција