еМагазин
Бизнис

БИМ од Свети Николе лани со добивка

БИМ АД Свети Николе за периодот јануари – декември  2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 49.651 илјада денари.

Остварените приходи од продажба изнесуваат 674.102 илјади денари и тие се за 26% поголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2021 година кога изнесуваа 533.752 илјади денари.

По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од домашен пазар учествуваат со 53,1 %, додека од странскиот пазар со 46,9 %.

Оперативните расходи изнесуваат 647.342 илјади денари и се поголеми за 31 % во однос на истите од 2021 година кога изнесуваа 495.373 илјади денари. Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 564.631 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИМ од Свети Николе со добивка во првите девет месеци

БИМ од Свети Николе во првите три месеци со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од ЗУМ за 81.000 евра

Редакција

Колку изнесува највисоката бруто-плата во ноември

Редакција

Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Редакција