еМагазин
Бизнис

БИМ од Свети Николе со добивка во првите девет месеци

БИМ АД Свети Николе за периодот јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Во периодот од 01.01 до 30.09 2022 година БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 37.801.000 денари.

За деветте месеци остварен е приход од продажба во износ од 432.037.000 денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 65,1%, додека од странскиот пазар со 34,9%.

Оперативните расходите за првите девет месеци од оваа година изнесуваат 405.001.000 денари и се поголеми во однос на истиот период од претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 354.515.000 денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда

БИМ од Свети Николе во првите три месеци со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои акции на Македонската берза во мај имаат најголем раст и пад

Редакција

Просечната нето плата во ноември лани, 38.359 денари

Редакција

Која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци

Редакција