еМагазин
Image default
Бизнис

БИМ од Свети Николе во првите шест месеци од годинава со добивка

БИМ АД Свети Николе за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 15.038 илјади денари.

Остварените приходи од продажба во периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 181.794 илјади денари и се за 4% помали во споредба со приходите од продажба остварени за истиот период во 2020 година, кога изнесуваа 189.135 илјади денари.

По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од продажба на домашен пазар учествуваат со 57,87%, додека од странскиот пазар со 42,13%.

Оперативните расходите за периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 163.890 илјади денари и се помали за 1% во однос на истите од истиот период во 2020 година, кога изнесуваа 164.861 илјади денари.

Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 133.202 илјади денари“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„БИМ“ АД Свети Николе ја зголеми добивката

„БИМ Свети Николе“ ја удвои добивката за време на кризата од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тиквеш со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

Сите членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ се стекнаа со акции од компанијата

Редакција

МВР склучи договор со Veridos GmbH вреден 3,5 милиони евра

Редакција