еМагазин
Image default
Бизнис

Бислимоски: РKE излегува на слободниот пазар за електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука да спроведе постапка за јавна набавка на електрична енергија со што ја исполнува обврската пропишана согласно Законот за енергетика. Снабдувачот што ќе понуди најниска цена, ќе му биде понудено да склучи Договор со РКЕ.

„Постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција, во која ќе се изврши рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно методологијата пропишана од министерот за финансии.

По потпишувањето на договорот со најповолниот снабдувач, практично РКЕ ќе излезе на слободниот пазар за електрична енергија,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РKE им укажува на сите јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините што ги исполнуваат критериумите и се квалификуваат да излезат на слободен пазар дека треба да изберат снабдувач со електрична енергија односно да спроведат набавка за електрична енергија и да склучат договори најдоцна до 31 март 2020 година.

Регулаторна комисија за енергетика се најде на листата што ја објави Електродистрибуција ДОЕЛ Скопје на правни субјекти кои што треба да изберат снабдувач на електрична енергија на отворениот пазар и не влегуваат во дефиницијата на мали потрошувачи.

Во оваа последна фаза на потрошувачи кои имаат обврска да излезат на слободниот пазар на електрична енергија опфатени се 2.474 потрошувачи, а РКЕ е со реден број 1.483.

Освен Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, на листата се наоѓаат и основни училишта, градинки, јавни здравствени установи, судови, банки и останати потрошувачи што се квалификуваат да излезат на слободниот пазар за електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка на кредитите во јануари зголемена, кај депозитите намалена

Редакција

По Гевгелија, казино Фламинго и во Скопје

Редакција

Бројот на странските зголемен за 19,3, а на домашните туристи за 7,4%

Редакција