еМагазин
Image default
Свет

Боинг препорача приземјување на авионите 777 поради абење на металот

Американскиот производител на авиони Боинг соопшти дека истрагата утврдила „абење на металот“ на нивниот авион 777, на кого му откажа еден од моторите набрзо по полетувањето во Денвер и препорача привремено приземјување на сите латала од тој тип.

Истрагата докажа дека една од перките на вентилаторот откажала поради абење на металот.

Боинг соопшти дека 128 авиони Боинг 777 се приземјени се додека не бидат извршени сите потребни инспекции.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) вчера нареди итни инспекција на авионите Боинг 777 откако во саботата делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо

Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што Боинг 777-200 беше принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.

Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Твитер“ поради коронавирусот апелира неговите вработени да работат од дома

Редакција

(Видео) Концерт на Плоштадот на независноста во опколениот Киев

Редакција

Турските власти ги предупредија бродовите да се држат понастрана: „Објект што наликува на мина“, плови северно од Истанбул

Редакција