еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 на денешното судење изјави дека Русковска бришела податоци од неговиот мобилен телефон и побара нејзино изземање од случајот „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски – Боки 13 и Фросина Ременски обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“ денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска.

Според образложението на Јовановски барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон, кој судот му го вратил.

Според Боки 13 обработени се околу стотина илјади податоци од еден милион и двеста и четириесет илјади колку што имало во мобилниот или 286 фајлови. Тој му укажа на судот дека наишол на бришени податоци во неговиот мобилен но ќе направи напори преку ИТ алатки да ја врати содржината за што судот ќе добие целосно извештај како ќе се изврши тоа.

-Со застапникот на ова обвинение јас имам остварено вербална и пишана комуникација во мојот телефон. Лицето се водело по лична омраза и умисла, причините ќе бидат интерпретирани.

Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб, ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1ТВ.

Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.

По ова претседателката на судечкиот совет Софче Гаврилова Ефремовска го предупреди Јовановски дека прво треба да се предадат и одобрат доказите, а потоа да се изнесат.

За обвинетата Фросина Ременски ова е новонастаната состојба и го информираше судот дека и таа се приклучува кон барањето за изземање на обвинителката Рускосвска.

Бранителот на Јовановски, Сашко Дукоски за медиумите појасни дека барањето за изземање е поради огромно сомневање за пристрасност во постапувањето против Јовановски и дека тоа е откриено врз анализата на материјалот од телефонскиот апарат на обвинетиот.

-Барањето се содржи за експлицитна пристрасност на штета на обвинетиот Бојан Јовановски, како во предметот „Рекет“ так,а и во овој предмет, истакна Дукоски.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација

Минатата година во јуни, Јовановски и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“, случај во кој Боки 13 доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина и Русија на страната на Србија за ситуацијата во Косово

Редакција

Кој е Албин Курти кој победи на изборите во Косово: Лани најави дека ќе основа партија и во Македонија

Редакција

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција