Секоја нација ја одредува сопствената судбина и можеме само да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи сме во ова семејство, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за референдумот во Македонија, пренесува meta.mk
„Оттаму, според мене, давањето совети или разбирање не е правилно, дипломатски, ниту чесно. Ние треба да ги оставиме македонските политичари да одлучат кој е патот што ќе го изберат по референдумот и ги поддржуваме на секој начин на тој пат кон ЕУ и НАТО“, додаде Борисов кој што изнесува лично мислење, а не официјален став на владејачката парламентарна група ГЕРБ.
Мета/Фото/Влада на РМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.