Босфорус е еден од најбараните хотели во Сиде, а еМагазин имаше можност да го посети како дел од инфо-турата која што туристичката агенција Фибула, ја организираше во пресрет на летната сезона.
Поради впечатливата архитектура, базените на отворено и услугата, капацитетот на хотелот речиси беше исполнет и во мај.
За понудата на овој хотел преку Фубула травел, разговаравме со менаџерот Харис Меџедовиќ, кој одблиску ни претстави зошто овој хотел е омилен помеѓу туристите од Македонија.
Bosphorus sorgun е еден од најбараните хотели во Сиде, колку години работите со овој хотел и зошто е толку атрактивен за туристите од Македонија?
– Со самите почетоци на хотелот Босфорус, Фибула травел е првиот партнер од Македонија. Точно дека е еден од најбараните хотели во Сиде, затоа што нуди посебен концепт на одмор, дизајн на хотелот, сервисот и услугата што го разубавуваат одморот на секој наш клиент.
По што овој хотел се издвојува во својата понуда за разлика од другите хотели?
– Најпрвин ќе напоменам дека хотелот Босфорус се разликува од другите хотели по неговиот дизајн и градба на хотелот. Исто така местоположбата на хотелот е фантасична, од една страна река, а од друга пак страна, море. Како круна на сето ова е гостопримството што го нудат, многу забава, анимација, услуга 24 часа.
Бидејќи има разлика во нијанси во однос на базата на all inclusive во различни хотели, што е вклучено во оваа понуда на Bosphorus sorgun?
– При секоја резервација направена преку Фибула травел за хотел Босфорус, странките добиваат услуга “All inclusive Plus” што значи бесплатно користење на сите услуги, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, храна неограничена во текот на 24 часа. Едноставно кажано, не можете да останете гладни или жедни, без разлика дали е 3 часот наутро или попладне.
На кој начин вие како агенција се грижите, туристите кои што се таму преку вас, да ја добијат најдобрата услуга?
– Услугата која што ја добиваат нашите туристи е претходно договорена со хотелот. Туристите добро знаат што ги очекува, но вообичаено нашите туристи секогаш добиваат нешто плус (подобра локација на соба, овошје или вино во соба за добредојде, ваучер за користење на некоја услуга во Spa centar).
Дали за овој хотел постоеше ран букинг и каков е досегашниот интерес од страна на туристите од Македонија?
– Секој почеток е тежок, па така беше и за хотел Босфрорус. Години наназад хотелот го рекламираме интензивно, имаме снимено музички видеа со наши познати артисти од Македонија која на крај доби позитивен фитбек. Што се однесува за цените и раниот букинг кој започна уште на 01.12.2022, имаме најдобри и загарантирани цени кои не можете да ги најдете во другите агенции. Фибула е синоним за хотел Босфорус во Македонија.
Кои факултативни излети им се достапни на туристите кои се сместени во Bosphorus sorgun?
– Кога станува збор за факултативни излети, туристите имаат можност да одберат голем дел од атракциите што ги нуди Фибула травел Анталија. За секој наш турист во Анталија се грижи представник или пак водич кој е тука за нив од датумот на пристигнување до датумот на заминување. Најбарани екскурзии се: крстарење по реката Манавгат, целодневна посета на The Lend of Legends (најголемиот аквапарк), Памуккале, рафтинг и др.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Хотелите во Сиде се најпродавани, нудат се што е потребнo за едно просечно семејство
(Галерија) Постојат хотели во Белек и постои Land of Legends
(Галерија) Хотелите во Лара, Анталија „вриштат“ од луксуз и ги задоволуваат и најприбирливите гости
(Галерија) еМагазин во Кемер, Турција: Топ хотели за сечиј вкус и џеб
Фото: еМагазин