еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Британската влада одобри екстрадиција на Асанж во САД

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.

Британското Министерство за внатрешни работи во соопштение наведува дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука. Тој може да поднесе жалба до Високиот суд во Лондон, кој мора да одобри продолжување на жалбената постапка.

На крајот треба да се жали до Врховниот суд на Велика Британија, но доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.

Асанж ќе поднесе жалба

Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД, објави денеска Викиликс.

„Борбата не е завршена денеска. Ова е само почеток на нова правна битка. Ќе се жалиме преку правниот систем“, се наведува во соопштението објавено на Твитер профилите на Викиликс.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ситуацијата во Украина не менува ништо, разговорите со Бугарија и реформите се патот кон членството во ЕУ, порачаа евроамбасадорот Гир и францускиот амбасадор Бомгартнер

Редакција

Во Јапонија живеат над 70.000 стогодишници

Редакција

Тројца починати од Ковид-19, сите со коморбидитет

Редакција