Меѓународниот комитет на Црвениот крст и полумесечина (ИФРЦ) соопшти дека најмалку 10.000 луѓе се водат за исчезнати во поплавите во Либија.
Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на ИФРЦ во Либија, онлајн учествуваше на неделната прес-конференција на Канцеларијата на ОН во Женева и даде проценка за катастрофата предизвикана од поплавите во Либија, пренесува Анадолија.
Посочувајќи дека многу луѓе се погодени од поплавата во источна Либија, Рамадан потенцираше дека оваа земја итно е потребна помош.
Тој соопшти дека бројот на исчезнати лица во Либија се искачил на 10.000 и дека до овие информации дошле преку независни извори.
Што се однесува на бројот на загинати, Рамадан рече дека станува збор за илјадници, но не даде попрецизна проценка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Повеќе од 2.000 лица загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во поплава во Либија
МИА/Фото: Unsplash