Индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2021 година, во однос на ноември минатата година, изнесува 96,4, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи опаѓање од 6,4 проценти. Податоците покажуваат дека секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 1,8 проценти.
– Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.2 отсто, Капитални производи за 0.4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 отсто.
Податоците на ДЗС покажуваат дека индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари до ноември 2021 година, во однос на периодот јануари до ДЗС ноември 2020 година, изнесува 97.7.
Фото: Унсплаш