еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на здравствени работници во Македонија, заболени со коронавирусот порасна на 20

Бројот на заболени со коронавирусот во Македонија според последните податоци изнесува 201 лице.

За едно деноноќие бројот на здравствени работници заболени со коронавирусот од 17 се искачи на 20 лица, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

Засега нема официјални податоци од каде се тројцата новозаболени здравствени работници.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера информираше дека е позитивно на вирусот уште едно лице повразно со Клиниката за кожни болести, но не кажа дали станува збор за здравствено лице.

Веќе е познато дека пет здравствени работници од Клиниката за кожни болести, кои имале контакт со поранешната заболена директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, се позитивни на вирусот.

Тие биле 16 дена во самоизолација без никакви симптоми, но на контролниот тест биле позитивни.

Здравствените работници се дома и се во добра здравствена состојба и ќе останат во самоизолација.

Стотината здравствени работници поврзани со овој случај деновиве се тестираат во групи.

Од вчера се тестираат и 14 лица, медицински персонал во Заводот за рехабилитација во Скопје, кои се во врска со првиот случај на коронавирусот во Тетово.

Во тек се проверки и на лица вработени во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

Според официјалните податоци, за сега е познато дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци и Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хистерија од коронавирусот во Босна: Жена и маж се степаа за вреќа брашно

Прв случај на коронавирусот во Тетово, како изгледа мапата по градови

44 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле хоспитализирани во текот на болеста

32 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 257

Редакција

Ципрас не одговори како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен договорот

Редакција

Каков имот пријавил Фарик Арслани, кој е избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар

Редакција