еМагазин
Image default
CHECK IN

Будванските села – бисери на јадранскиот брег

Будва отсекогаш била позната како атрактивна туристичка дестинација, која посебно во текот на летните месеци претставува место на преубави случувања, ноќна и дневна забава, најатрактивни понуди за сместување, прекрасни плажи, гастро уживања, концерти и спектакли.

Она што е помалку познато е дека Будва нуди многу повеќе, односно дека таа е ризница на културата на ова поднебје и дека будванскиот брег претставува вистинско неоткриено богатство.

Во година која беше одбележана од пандемијата од Ковид-19, повеќе од било кога досега доаѓа до израз значењето на престојот во природа, поврзувањето со неа и истражувањето на селските подрачја, културата и историјата на овие краишта.

Будванските села претставуваат автентична туристичка понуда, пред се’ поради својата специфична архитектура, природното опкружување и непосредната близина до значајните културно-историски, претежно верски објекти.

Тешко е да се пронајде помала област со поголем број на културни споменици, најголем дел од нив манастири и цркви, кои датираат дури до 9 век, иако трагите од живот на будванската ривиера датираат уште од времето на старите Грци, Енхелејци, Илири и Римјани. Еден дел од нив може да се обиколи со единствената пешачка тура низ Паштровица, а периодот надвор од главната туристичка сезона е идеален за таква прошетка.

Од манастирот Војниќи, изграден во 15 век, пешки се стигнува до селото Кулјаче каде се наоѓа и манастирот Дулјево, кој е подигнат во времето на цар Душан на многу живописна висорамнина. Нешто понатаму се наоѓа и единствениот манастир Рустово, кој е подигнат на рамништето зад Свети Стефан, од каде што се пружа поглед кон бескрајната сина морска прекривка.

Прошетката понатаму води до селото Челобрдо и потоа до познатиот Јегоров пат се’ до векови стариот манастир Прасквица. Во овие места ќе наидете на топла атмосфера, прекрасни домаќини и ќе го најдете мирот кој ви е толку потребен.

Во близина на плажата Бечичи, на надморска височина од близу 200 метри, се наоѓа маинското село Ивановиќи. Во неговата автентична околина, заштитена со камени куќи со автохтона архитектура, пред повеќе од 2.000 години пушти корен старата „Велја“ маслинка.

Според преданијата, стеблото потекнува уште од добата на Илирите, односно Енхелејците, кои биле жители на овие простори уште во стариот век. Научниците велат дека ова е можеби едно од најстарите стебла на маслинка на светот.

Од тие причини, ова стебло е заштитено со закон уште од 1994 година. Стеблото на „Велја“ маслинката е импозантно – високо е цели 11 метри, а пречникот на стаблото над самата земја изнесува дури 4 метри. Таа припаѓа на сортата „жолтица“ и дава плод кога годината е „родна“. Мештаните се сеќаваат – вели нејзиниот сопственик Слободан Мирко Ивановиќ – дека понекогаш таа давала и по еден млин маслинки, од 16 до 18 „лати“, што значи околу 200 килограми плод и 40 литри од најквалитетното масло.

Здравиот природен амбиент, традиционалната кујна, свежото домашно овошје и зелечнук, изворската вода, можноста да се ужива во прошетките низ ридските и планинските краеви на брегот и запознавањето со историјата и културата на овој крај, близината до најубавите плажи на будванската ривиера – се само некои од причините поради кои будванските села наречени „бисери на јадранскиот брег“ мора да се посетат!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како паланчикара „Сакаш?“ го прослави Илинден

Силвана Жежова

(Галерија) Непозната Македонија: Дебарско, еден од најживописните краеви во земјава

Редакција

(Галерија) Неоткриена убавина: Водопадот на реката Бабуна

Редакција