Бугарија ја отвара границата за македонските граѓани доколку имаат негативен ПЦР-тест за Ковид-19.
Македонија е една од петте држави за кои делумно ќе бидат олеснети мерките за влез во Бугарија, одлучи бугарската Влада.
Влез во земјата со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа ќе биде дозволен и за туристите од Молдавија, Израел, Кувајт и Србија.
Како што информираа од бугарската Влада, одлуката е резултат на барањата на тамошниот туристички сектор.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.