Владата на Бугарија вчера одлучи зимскиот туристички центар Банско да го стави под карантин, јавија бугарските медиуми.
Властите соопштија дека таму престојувале околу 200 туристи од странство на кои им било понудено да го напуштат центарот или да останат во карантин.
Генерал-мајорот Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени од корона вирусот во Бугарија достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско.
Во моментов нема информација дали во Банско престојуваат македонски државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена почина од корона вирусот во Бугарија
(ВИДЕО) Полицијата го ограничува движењето низ Солун, нема шетање покрај море
Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.