еМагазин
Балкан

Бугарија не може да го забрани увозот на отпад, тврди бугарскиот министер за екологија

Бугарија не може да го забрани увозот на отпад, затоа што ова прашање е регулирано со директивите на ЕУ и не можат земјите да донесуваат самостојни одлуки спротивни на нив.

Ова е ставот на бугарскиот министер за животна средина, Емил Димитров, даден како одговор на барањето на партијата ГЕРБ за воведување за забрана за увоз на отпад во времетраење од една година.

„Ние извезуваме повеќе отпад отколку што увезуваме. Ако ние го забраниме увозот, тогаш другите земји ќе забранат нашиот отпад да се гори во нивните земји. Не можеме да носиме вакви забрани, не функционираат така работите во светот.

Она што треба да го направиме е да ја зголемиме контролата за тоа каков отпад влегува и како тој се користи“, дециден е Димитров.

Дебатата околу увозот на отпад во Бугарија стана актуелна откако надлежните бугарски органи ја засилија контролата на увозот на отпад од Италија за што во бугарската јавност се појавија сомневања дека се работи за опасен отпад кој требало да се прошверцува заедно со останатиот.

Бугарското обвинителство ги отфрли ваквите шпекулации, но и покрај тоа темата за увозот на отпад стана дел од дискусиите меѓу политичките партии во Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Редакција

Српскиот вирусолог Шеклер предвидува дека омикрон сојот води кон крај на ковид-пандемијата

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција постигнат нов Гинисов рекорд за најголема порција со помфрит

Редакција