еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија не се подготвува да го крене ветото за Македонија, вели претседателот на бугарското Собрание

Претседателот на Народното собрание на Бугарија, Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.

– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре до сабота температурите во пораст

Редакција

Инфлацијата во август 8,3%

Редакција

Убава вест: Оздравени 28 болни од Ковид-19

Редакција