еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија останува отворена за прагматичен дијалог со Македонија: Османи се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов

Бугарија останува отворена за прагматичен и отворен дијалог со Република Северна Македонија, којшто ќе ја обнови довербата меѓу двете држави и ќе ја активира билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес. Оваа порака ја соопштил денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов на средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, соопшти бугарското МНР.

-Во рамки на разговорот беше потврдена бугарската национална позиција, дека одржувањето на добрососедски односи и добивањето на неопходните гаранции во рамките на процесот на проширување за исполнување на Договорот за добрососедство меѓу двете земји од 2017 година, остануваат главен приоритет на Бугарија, стои во соопштението на бугарското МНР.

Министерот Османи, како што се додава, го поздравил прагматичниот пристап на техничката Влада на Бугарија за враќање на довербата меѓу двете држави и изјавил дека очекува скорешна средба со бугарскиот министер за надворешни работи Стефан Стоев.

Двајцата соговорници го поздравиле заедничкото патување на шефовите на државите на Бугарија и Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски, кои заедно ќе оддадат почит пред делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАН бара Обвинителството да ја запре постапката против уредникот на порталот „Инфомакс.мк“

Редакција

Исказот на „Нинџа” e дискредитиран и не може да му се верува, смета адвокатот на одбраната во случајот за „организатори на 27 април“

Редакција

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Редакција